deutsch | srpski | hrvatski | bosanski | crnogorski | makedonski | slovenski | shqip | magyar
  • УСЛУГИ ЗА ПРЕВЕДУВАЊЕ
  • ЦЕНИ ЗА ПРЕВЕДУВАЊЕ

  • УСЛУГИ ЗА ТОЛКУВАЊЕ
  • ЦЕНИ ЗА ТОКЛУВАЊЕ
  • Гордана Гас

    Преведувачко биро за: германски,
    македонски, српски, хрватски
    и босански јазик

    ЦЕНИ ЗА ПРЕВЕДУВАЊЕ



    Извадок од германскиот Закон за правосуден надомест и обештетување


    Параграф 11 Хонорар за преведување

    (1) Хонорарот за преведување изнесува 1,80 евра за секои почнати 55 знаци писмен текст (oсновен хонорар). Кај текстовите што не се електронски ставени на располагање и не можаат да се едитираат, хонорарот се зголемува на 1,95 евра за секои почнати 55 знаци писмен текст (зголемен хонорар). Ако значително е отежнато преведувањето поради посебни прилики во поединечен случај, поради честото користење стручни изрази, поради отежнатата читливост на текстот, поради посебната итност на налогот или затоа што се работи за јазикот, којшто ретко се сретнува во Германија, основниот хонорар се зголемува на 1,95 евра, а зголемениот хонорар 2,10 евра.

    (2) За бројот на знаци меродавен е текстот на јазикот на кој се преведува, во случај на користење латинични букви само на јазикот од кој се преведува, меродавен е бројот на знаците на јазикот од кој се преведува. Доколку броењето на знаците е поврзано со несразмерно трошење на време и труд, бројот на знаците се определува според вкупниот број на редови, земајќи го во предвид просечниот број на знаци во еден ред преведен текст.

    (3). За еден или за повеќе преводи врз основа на ист налог хонорарот изнесува најмалку 20 евра.

    (4) Преведувач добива хонорар како толкувач, доколку
    1. ангажманот на преведувачот се состои од испитување и проверка на документи или на телекомуникациски записи на одредени содржини
    2. ангажманот на преведувач се состоји од пишување на записник oд телекомуникациски записи.

    целосен текст на Закон на германски јазик [PDF, 152 KB]


    Gordana Gass | Hermann-Lingg-Str. 10 | 80336 München | Telefon 089/544 033 41 | Fax 089/544 033 43 | Mobil 0177/3500906 | kontakt@gogass.de | Datenschutzerklärung