deutsch | srpski | hrvatski | bosanski | crnogorski | makedonski | slovenski | shqip | magyar
  • УСЛУГИ ЗА ПРЕВЕДУВАЊЕ
  • ЦЕНИ ЗА ПРЕВЕДУВАЊЕ

  • УСЛУГИ ЗА ТОЛКУВАЊЕ
  • ЦЕНИ ЗА ТОКЛУВАЊЕ
  • Гордана Гас

    Преведувачко биро за: германски,
    македонски, српски, хрватски
    и босански јазик

    УСЛУГИ ЗА ТОЛКУВАЊЕ


    Хонорарот за толкување се пресметува врз основа на саатница, односно дневница, за чија висина од пресудно значење е видот на ангажманот на толкувачот, односно применетата техника на толкување.

    Ние Ви нудиме следниве техники на толкување:


    Толкување за време на водење преговори:
    Оваа техника на толкување главно се користи кога станува збор за разговор на мал број лица. По правило, во зависност од видот и должината се толкуваат кратки смислени делови (на пример, прашање/одговор) од изворниот на целниот јазик.

    Судско толкување од страна на постојан судски толкувач:
    Судски толкувач е толкувач, кој е повикан од страна на судот за јазично посредување. За разлика од него, јавен и постојан судски толкувач е лице, кое е под судска заклетва и чии лични и стручни способности се проверени. Постојан судски толкувач е должен да ја чува тајноста и да биде непристрасен. Толкувачот се повикува кога едната странка, односно друг учесник во постапката не го познава службениот јазик на надлежниот суд. Со доведување толкувач, се обезбедува правото на странец, кој не го познава јазикот добро, на сослушување во судска постапка.

    Консекутивно толкување:
    Консекутивното толкување е најстара техника на толкување. Следува по пауза во која, толкувачот по потреба, со помош на писмени белешки, го репродуцира изложениот текст од изворниот на целниот јазик. Излагањето на целниот јазик треба да биде прецизно и особено добро структурирано со цел слушателите да се растеретат, бидејќи таквиот вид толкување значително го продолжува времето на излагање. Поединечни текстуални делови можат да бидат со различна должина, секако опфатени со еден заеднички, подолг, содржински поврзан дел. Со оглед на тоа дека тој вид толкување бара сразмерно многу време, денес консекутивното толкување се користи многу ретко на конференции. Почесто се применува при свечени настани (на пример, венчавки, здравици, приеми), при протоколарни настани на високо ниво, како што се средби на претседатели на држави, односно влади, или при културни манифестации, како што се книжевни вечери или филмски премиери.

    Симултано толкување:
    Симултаното толкување е релативно млада техника на толкување, бидејќи бара користење конференциска опрема. Толкувачот седи во звучно изолирана кабина за толкување и со помош на слушалки го слуша говорникот. Неговото преведување, кое следи речиси истовремено, со мало временско задоцнување (значи, симултано), се пренесува преку микрофон и преку слушалки им е достапно на учесниците на конференцијата. Оваа техника на толкување е мошне напорна колку што е ментално (поради интензивна концентрација), толку е и физички (поради големото оптоварување на гласните жици), и поради тоа, од толкувачот се бара висока професионална стручност и исклучителна техничка вештина на толкување. Поради наведените причини, симултаните преведувачи работат заедно во тим од најмалку две лица, кои на одредени временски периоди се менуваат.

    Конференциско толкување:
    Конференциското толкување е повисок поим за толкување на конференции, на пример при меѓународни состаноци на владин врв или при стручни конгреси. На конференциите можат да се применат различни техники на толкување. Особено често се применува симултано толкување, но може да се примени и консекутивно или дури и толкување со шепотење, што претставува посебен подвид на симултано толкување кај кое нема техничка опрема и кое е наменето за мал број слушатели.

    Налозите од страна на судовите и на државните органи се пресметуваат според Законот за правосуден надомест и обештетување.



    Gordana Gass | Hermann-Lingg-Str. 10 | 80336 München | Telefon 089/544 033 41 | Fax 089/544 033 43 | Mobil 0177/3500906 | kontakt@gogass.de | Datenschutzerklärung