deutsch | srpski | hrvatski | bosanski | crnogorski | makedonski | slovenski | shqip | magyar
  • СРПСКОХРВАТСКИ
  • СРПСКИ
  • ХРВАТСКИ
  • БОСАНСКИ
  • ЦРНОГОРСКИ
  • МАКЕДОНСКИ
  • Гордана Гас

    Преведувачко биро за: германски,
    македонски, српски, хрватски
    и босански јазик

    Откако го положив државниот испит, со давање заклетва пред судот, станав јавен и постојан судски толкувач и преведувач за: српски, хрватски и босански јазик, а, исто така и постојан судски толкувач и овластен судски преведувач за македонски јазик. Веќе повеќе од двадесет години водам свое преведувачко биро во срцето на Минхен.

    Поред германски ние Ви ги нудиме услугите на толкување и на преведување за следниве јазици:

    Српскохрватски јазик

    е јазик од јужнословенската подгрупа на словенските јазици, кои, пак, од своја страна, им припаѓаат на индоевропските јазици. Српскохрватскиот беше еден од службените јазици во поранешна Југославија, заедно со словенечкиот и македонскиот, каде што најголемити несловенски јазици на малцинствата беа албанскиот и унгарскиот. Пред распаѓањето на Југославија, српскохрватскиот јазик беше зборуван од 21 милион луѓе.
    Српскохрватскиот јазик како поим прв го споменува Јакоб Грим во 1824 година во предговорот на неговиот превод од „Мала српска граматика“ на Вук Стефановиќ Караџиќ. Официјално, овој назив се користи од 1921 година, па некаде до 1993 година како надреден поим за јазичките варијанти на: Србите, Хрватите, Босанците и Црногорците. Називот „српско-хрватски” го изражува ставот дека кај српскиот, хрватскиот и босанскиот јазик во суштина станува збор за ист јазик со различни карактеристики.
    Какви и да се јазичните разлики од лингвистички аспект, по распаѓањето на Југославија, официјално, како самостојни јазици се признати српскиот, хрватскиот и босанскиот, додека статусот на црногорскиот јазик е сè уште спорен. При тоа, најмногу во Хрватска, повторно се користат јазичките особености, кои беа несакани, потиснати или заборавени од 1918 година. Граматичкиот систем и основниот фонд на зборови од овие три јазика, како и досега, се во најголем дел идентични, но фактот дека повеќе не станува збор за заеднички јазик, веројатно, во иднина ќе доведе до понатамошно раслојување.
    на горе

    Српски јазик

    Српскиот јазик го зборуваат како мајчин јазик околу 6,2 милиони луѓе во Србија, каде што е службен јазик. Покрај тоа, српскиот го зборуваат околу 2 милиони луѓе во Босна и Херцеговина, во Хрватска, во Македонија и во Црна Гора, а во Западна Европа, во Австралија и во САД, каде што постои големата српска дијаспора, го зборуваат од околу 3,5 милиони иселеници. Се користи и латинично и кирилично писмо.
    на горе

    Хрватски јазик

    Се претпоставува дека хрватскиот јазик се зборува од околу 7 милиони луѓе. Во пописот на населението од 2001 година, 4 265 081 луѓе во Хрватска (96,12% од населението) го наведуваат хрватскиот јазик како мајчин. Покрај тоа, постојат луѓе што го зборуваат хрватскиот како мајчин и во Босна и Херцеговина и во Војводина, меѓу хрватските доселеници од југословенската времиња во Словенија, како и во хрватската дијаспора, особено во средна Европа (Германија, Австрија, Швајцарија), во Италија, во Северна Америка (САД, Канада), во Јужна Америка (меѓу другото, во: Аргентина, Чиле, Боливија), како и во Австралија и во Нов Зеланд.
    на горе

    Босански јазик

    Босанскиот јазик како мајчин јазик на Бошњаците, го зборуваат 2,5 милиони луѓе во Босна и Херцеговина, каде што, покрај српскиот и хрватскиот, е еден од трите службени јазицка. Покрај тоа, се зборува и во Србија и во Црна Гора од страна на околу 245 000 луѓе, а во Западна Европа и во САД од страна на околу 150 000 доселеници, како и од страна на повеќе од десетина илјади иселеници во Турција.
    на горе

    Црногорски јазик

    Црногорскиот јазик е црногорска јазична варијанта и тамошен службен јазик. Црногорскиот јазик е службен јазик на Република Црна Гора, според Уставот, од 19 октомври 2007 година. Во пописот на население од 2003 година во Црна Гора, 62,49 проценти од населението го навеле српскиот, а 21,96 проценти црногорскиот како мајчин јазик, без да може да се доведат во корелација овие подаци со реалните јазични разлики.
    на горе

    Македонски јазик

    Македонскиот јазик е исто така јазик од јужнословенската подгрупа на словенските јазици. Се зборува во Република Македонија. По сродност е најблизок со бугарскиот. Македонскиот како мајчин јазик го зборуваат преку два милиони луѓе, од кои околу 1,3 милиони од нив живеат во Македонија, каде што македонскиот е службен јазик. Помали групи живеат во Грција, во Албанија, во Бугарија, во Војводина, потоа во западноевропските земји, а и во прекуокеанските земји (САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд).
    на горе

    Покрај услугите за преведување и за толкување од српски, од хрватски, од босански и од македонски јазик на германски јазик и обратно, го нудиме и следново:
    - стручна настава за јазици
    - семинари за историјата и за современата политичка ситуација во балканските земји.






    Gordana Gass | Hermann-Lingg-Str. 10 | 80336 München | Telefon 089/544 033 41 | Fax 089/544 033 43 | Mobil 0177/3500906 | kontakt@gogass.de | Datenschutzerklärung